top of page
20190404_114658.jpg

Книга и изложба за рускиот цар Николај Втори и неговото семејство

Скопје, 4 април 2019

Денес во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Романови: Љубовта е посилна од смртта“. Отворена беше и фотодокуменарна изложба посветена на 100-годишнината од мачеништвото на рускиот цар Николај Втори и неговото семејство.

Пред присутните се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, а книгата ја промовираше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

За историските факти, за убиството на рускиот цар Николај Втори, царицата Александра, нивните деца кнегињите Олга, Татјана, Марија и Анастасија и престолонаследникот Алексеј, присутните беа запознаени од излагањето на д-р Жила Ленина.

Книгата има околу 1000 страници, а е во издание на „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page