top of page
80237922_2181506868810192_69686885821269

В Свети Николе беше свечено откриена биста на Г.Р. Державин

Свети Николе, 12 декември 2019

На Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” во Свети Николе, свечено беше откриена бистата на истакнатиот руски поет Г.Р.Державин, чие име го носи Универзитетот.

Пред присутните се обрати основачот на Универзитетот и претседател на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев. Во името на Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, бистата ја откри вториот секретар во Амбасадата, Виктор Дјаков, а цвеќе положи почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

Гаврило Романович Державин (1743-1816) се смета за најголем руски поет пред Пушкин. Роден е во градот Казањ, а починал на својот имот во селото Званка во близина на Новгород.

Негови поважни дела му се одите „За смртта на кнез Мешчерски”, „Фелица”, „Бог”, „Водопад”, „Зимовка” и др.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page