top of page
jajca.jpg

Историjа на боjадисувањето и украсувањето на велигденски jаjца во Русиjа

Охрид, април 2017

Во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настан под наслов «Историjата на боjадисувањето и украсувањето на велигденски jаjца во Русиjа: од древноста до колекциjата Фаберже», посветен на праздникот Велигден. На настанот присуствуваше Почесниот конзул на Руската Федерациjа во Охрид проф. д-р Велимир Стоjковски, директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, Александра Белевска и многубројни граѓани. На почетокот на настанот, присут-ните со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот акт кој се случи на 3 април во метрото на Санкт-Петербург.

Присутните ги поздрави Почесниот конзул проф. д-р В. Стојковски, кој меѓу другото истакна дека „македонскиот и рускиот народ се многу блиски и ги поврзуваат заеднички историски корени и со кои се длабоко вткаени во светските цивилизациски придобивки со своите културни, културолошки, историски и други придонеси“.

„Руската федерација преку своите почесни конзулати, пред сѐ им помага на руските граѓани кои што живеат на територијата на конзулскиот округ или на тие кои што тука ќе престојуваат во службена посета или како туристи, да ги остварат своите права пред надлежните институции во решавање на евентуални проблеми. Но, истовремено почесните конзулати им стојат на располагање и на сите македонски граѓани на кои им е потребна било каква информација во врска со Руската Федерација. Со своите активности, Почесниот конзулат во Охрид им ја доближува руската култура, јазик, традиција, историја, на граѓаните на  Охрид и на конзулскиот округ. Почесните конзулати се мост меѓу двете држави“.

Со денешниот настан, на присутните им беше претставена традицијата на бојадисувањето на велигденските јајца во Русија. Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат на Русија во Охрид, даде осврт од историски аспект, притоа објаснувајќи ги сите обичаи, верувања и симболика во бојадисувањето јајца во Русија, од древните времиња до појавата на јајцата од колекцијата Фаберже.

Во рамките на настанот дел од присутните зедоа учество во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски jаjца. Беше преставена  традиционална руска техника на украсување «Хохлома», а исто така обемна техника од типот скрапбукинг.

bottom of page