top of page

Руската Федерација е држава која е распространета во источна Европа и Северна Азија.

Русија е на прво место во светот по својата територија и на деветто место по бројноста на населението.  

Во состав на Руската Федерација влегуваат 89 субјекти, од кои 24 републики, 9 краеви, 48 области, 3 градови со федерално значење, една автономна област и 4 автономни окрузи.

Почетокот на руската државност е во 862 година. Русија денес е повеќенационална држава, која се одликува со голема етнокултурна разновидност. Русите сочинуваат 79,83% од населението на државата. Поголемиот дел (околу 75%) од населението припаѓаат на православната религија, што ја прави Русија држава со најмногубројно православно население во светот. Официјалниот јазик на Руската Федерација е руски.

Главен град на Русија е Москва. Во Русија има 15 градови со население повеќе од еден милион: Москва, Санкт-Петербург, Новосибирск, Екатеринбург, Нижни Новогород, Казањ, Самара, Омск, Чељабинск, Ростов на Дон, Уфа, Перм, Краснојарск, Вороњеж и Волгоград. Во Русија има 11 часовни зони (+2...+12).

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page