
Воронеж, 27 мај 2026
Ден на Словенската писменост и култура
На 27 мај на Филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет се одржа свеченост по повод Денот на словенската писменост и култура. На отворањето со поздравнн говори се обратија деканот на филолошкиот факултет доц. д-р Жана Владимировна Грачова, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски и проф. д-р Генадиј Филипович Коваљов.
Организатор на свеченоста по традиција е Катедрата за словенска филологија и нејзиниот раководител доц. Марина Владимировна Панова.
На свеченоста со рецитирање поетски творби на македонски јазик настапија жители на Охридскиот конзулски округ, а по нив се претставија студентите на Воронешкиот државен универзитет, меѓу кои имаше и странци. Прозвучија настапи на словенските јазици кои се изучуваат на ВДУ, како и настапи на руски дијалекти и на старословенски јазик.

Скопје, 4 мај 2026
Концерт по повод 81-та годишнина од Победата во Големата Татковинска војна
Денес, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се одржа свечен концерт по повод претстојната 81-та годишнина од Победата во Големата Татковинска војна.
На сцената на Македонската филхармонија од страна на руски сонародници и македонски музичари беа изведени класични дела, народни песни и композиции од советски и современи автори, кои обработуваат теми за трагичните настани од војната, за надежта и за Победата.
Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков им се обрати на присутните со говор, нагласувајќи ги значењето на претстојниот празник за Русија, херојството на советските војници, македонските партизани и народите на земјите од антихитлеровата коалиција, како и потребата од зачувување на вистината за настаните од Втората светска војна.
Гостите на настанот беа Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Почесниот конзул на Русија во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија Андреј Куку, колеги од дипломатскиот кор, членови на политички партии, бројни руски сонародници, претставници од бизнис, новинари, научни и културни дејци.
По завршувањето на концертот, присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата „Победа една за сите“, подготвена од Амбасадата со помош на Центарот за меѓународна соработка на Министерството за образование на Руската Федерација.

Скопје, 13 април 2026
Положување венци пред споменикот на Јуриј Гагарин
Денес, по повод Денот на космонаутиката – 65-годишнината од првиот лет на човекот во вселената – Амбасадата на Русија ја одржа во Скопје годишната свечена церемонија на положување венци пред споменикот на советскиот пилот и космонаут Јуриј Гагарин.
Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков им се обрати на присутните со говор, нагласувајќи го значењето на херојскиот подвиг на Јуриј Гагарин, како и на другите достигнувања на советската космонаутика, за развојот на човештвото и раскажувајќи за современите амбициозни проекти на Русија во областа на истражувањето на вселената.
На настанот присуствуваа пратеникот во Собранието Драган Недељковиќ, Привремениот вршител на должноста Амбасадор на Србија Александар Кнежевиќ, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, руски сонародници, претставници на научни и општествени организации, на бизнис заедница.
За време на церемонијата, ученици кои изучуваат руски јазик во организацијата на руски сонародници „Озарение“ прочитаа песни посветени на освојувањето на вселената.

Скопје, 3 април 2026
Амбасадорот на РФ ѝ ги предаде акредитивите на претседателката на Република Северна Македонија
На 3 април, Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија Дмитриј Константинович Зиков ѝ ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и Амбасадорот Дмитриј Зиков разменија честитки по повод претстојниот Велигден.
По церемонијата, се одржа посебен разговор на Претседателката на Република Северна Македонија и Амбасадорот на Руската Федерација.
Фото: Кабинет на Претседателката на Р.С. Македонија

Охрид - Воронеж, 23 декември 2025
Настан посветен на Новогодишните празници
На 23 декември на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет беше одржан настан посветен на новогодишните празници во Македонија. Студентите на Воронешкиот универзитет добија честитки и песни од Македонците од охридскиот конзуларен округ, како и аудио приказна од писателката за деца Емилија Матаничкова.
Студентите направија видео снимки како одговор и ги испратија до нивните македонски колеги.
Студентите, исто така, погледаа извадок од филмот „Ноќ спроти Свети Василиј“ со коментар од Елена Обухова и пробаа пита со паричка за среќа испечена од Марина Владимировна Панова, раководител на катедрата за словенска филологија.

Скопје, 4 ноември 2025
Прием по повод Денот на народното единство
На 4 ноември, по повод Денот на народното единство, во Скопје се одржа прием во организација на Координативниот совет на организациите на руските сонародници (КСОРС) со поддршка на Амбасадата на Русија, Руската куќа во Белград и компанијата ЛУКОИЛ Македонија.
На настанот присуствуваа Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводена од Регионалниот управител Андреј Куку, бројни руски сонародници, свештеници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, јавни и културни дејци, научници, претставници на медиумите и активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор. Водителката на настанот беше Претседателката на КСОРС Светлана Барибина.
Во рамки на концертната програма беа изведени песни посветени на празникот и историјата на Русија, музички дела од руски автори и руски народни песни.
Голем интерес кај присутните предизвика изложбата на фотографии подготвена од Амбасадата и посветена на Денот на народното единство, како и дела на креативната организација на сонародниците „Артељ“ и децата кои го изучуваат рускиот јазик.

Скопје, 12 јуни 2025
Државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија
На 12 јуни Амбасадата на Руската Федерација одржа во Скопје државен прием по повод Денот на Русија.
Гости на настанот беа Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, Епископот Хераклејски Климент, Потпретседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Сашко Јанчев, Јована Мојсоска и Драган Недељковиќ, Амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот на Кина Су Леи, Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот на Катар Рашид Саид Ал Хаjарин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, претставници на општини, членови на политички партии, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводена од Регионалниот управител Андреј Куку, академици и научници, јавни и културни дејци, руски сонародници, претставници на бизнис, на медиуми, активисти на здруженија за македонско-руско пријателство.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на бројните присутни со говор.
Во годината на 80-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна за големиот подвиг на војници, партизани и работници во заднина на фронт, кој обединува народите на нашите земји, раскажа изложбата „Патот кон Големата Победа“, подготвена од Амбасадата со употреба на архивски фотографии од руската новинска агенција "РИА Новости", од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката борба во Прилеп и од Државен архив.
За време на приемот звучеше руска класична музика - снимени дела од Петар Чајковски - големиот композитор 185-тата годишнина од чие раѓањето се одбележува оваа година - во изведба на оркестарот под водството на извонредниот диригент Евгениј Светланов и на светски познатиот пијанист Свјатослав Рихтер.
На гостите на настанот им беа понудени јадења од традиционалната руска кујна, подготвени под раководство на готвачката на Амбасадата.

Воронеж, 23 мај 2025
Промоција на руското издание на збирката поезија „Утре е секогаш сега“ од Весна Алексова Стојковска
Денес, на Воронежкиот државен универзитет (Руска Федерација) пред професорите, студентите македонисти и љубителите на поезијата, на Катедрата за словенска филологија се одржа промоција на руското издание на збирката поезија „Утре е секогаш сега“ од Весна Алексова Стојковска. Беа читани песни на руски и македонски јазик, по што се зборуваше за поезијата, нејзиното значење и нејзината универзалност.
Промоцијата беше во организација на д-р Марина Владимировна Панова, раководител на Катедрата, а модератор на настанот беше преведувачката на збирката д-р Елена Обухова.

Скопје, 8 мај 2025
Панихида за руските војници загинати за верата и Татковината во сите времиња
На 8 мај, во пресрет на 80-тата годишнина од Големата Победа - во црквата „Свети Архангел Михаил“ во Скопје традиционално се одржа панихида за руските војници загинати за верата и Татковината во сите времиња.
Службата ја одржаа свештеници на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија на чело со отец Иван Гошевски.

Скопје, 26 март 2025
Врачен медалот „80 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945 година“
Денес Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин во име на Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ѝ го врачи медалот „80 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945 година“ на единствената ветеранка, која живее во Македонија, – работничката Валентина Федоровна Макарова.
За време на војната Валентина Федоровна, која беше само дете, неуморно работеше во фабрика во Свердловската област – даваше сѐ од себе, придонесувајќи во разгромот на нацистичките напаѓачи, за кој народите на Советскиот Сојуз платија голема цена.
На Валентина Федоровна ѝ посакуваме добро здравје, долг живот и сѐ најубаво. Свето го почитуваме работен и воен подвиг на големата генерација на Победниците.

Скопје, 23 февруари 2025
Ден на бранителот на Татковината
Денес – на Денот на бранителот на Татковината – Амбасадата на Русија на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин одржа во Скопје свечена церемонија на положување венци кон спомен-облежјето посветено на 75-та годишнината од Големата Победа, поставено во 2020 година на иницијатива на Амбасадата во соработка со општина Центар.
Оваа година, во која ќе го прославуваме најважниот јубилеј за историјата на нашата земја – 80. годишнината од Победата во Големата Татковинска војна и Втората светска војна, во Русија е прогласена за Годината на бранителот на Татковината.
Во настанот исто така учествуваа Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, Извршниот директор на Македонска-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, делегација на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводена од Регионалниот управител Андреј Куку и бројни руски сонародници.

Скопје, 9 мај 2026
Свечен прием по повод 81-та годишнина од Победата во Големата Татковинска војна
Во Скопје на 9 мај, со поддршка на Амбасадата на Русија, се одржа свечен прием на руските сонародници по повод 81-та годишнина од Победата во Големата Татковинска војна.
Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков одржа говор во кој ја истакна непоколебливата волја на граѓаните на СССР за отпор врз нацистичката воена машина, која пороби десетици европски земји и врз криминалната стратегија за геноцид на советскиот народ, неморалноста на обидите за искривување на историската вистина и потребата да се зачува сеќавањето на настаните од Војната. На присутните им се обрати и претседателката на Координативниот совет на руските сонародници Светлана Барибина.
Гости на настанот беа Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, пратениците во Собранието Реџеп Исмаил-Хактан и Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, Амбасадорката на Кина Џијанг Сјаојен, Привремениот вршител на должноста Амбасадор на Катар Рашид Саид Ал-Хајарин, Привремениот вршител на должноста Амбасадор на Србија Александар Кнежевиќ, Почесниот конзул на Русија во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, членови на политички партии, свештеници на МПЦ-ОА, Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија Андреј Куку, општествени и културни дејци, научници, руски сонародници, претставници на бизнис и на медиуми.
Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од Втората светска војна.
Во склоп на настанот беше поставена и изложбата „Победа една за сите“, подготвена од Амбасадата со помош на Центарот за меѓународна соработка на Министерството за образование на Руската Федерација, како и презентацијата „Бесмртен полк“, посветена на роднините на руските сонародници кои учествуваа во Големата Татковинска војна и изложбата „Писма од фронтот“, подготвени од организацијата на руските сонародници „Артељ“.

Охрид, 23 април 2026
Работилница за деца
На 23 април по повод Денот на книгата и авторското право Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид заедно со библиотеката „Григор Прличев“ во трговскиот центар „Охрид мол“ одржа работилница за деца по книгата на Е. Обухова „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ Во рамките на промоцијата на книгата се разговараше за книгите, инспирацијата и творештвото, а учениците од училиштето „Кочо Рацин“ и од други училишта цртаа волшебни суштества, им смислуваа имиња обидувајќи се да се испробаат во улогата на писатели и ликовни уметници.

Охрид, 7 април 2026
Традиционална работилница за деца посветена на празнувањето на Велигден
На 7 април, во основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа традиционалната креативна работилница за деца посветена на празнувањето на Велигден. Работилницата ја организираа Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид во соработка со библиотеката „Григор Прличев“. Децата изработија честитки од комбинирани материјали за читателите на библиотеката, а исто така дознаа нови информации за велигденските традиции и обичаи во Русија.

Москва, 25 декември 2025
Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин го назначи Дмитриј Константинович Зиков за Вонреден и Ополномоштен Амбасадор на РФ во Северна Македонија.
На 25 декември, Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин го потпиша указот за назначување на Дмитриј Константинович Зиков за Вонреден и Ополномоштен Амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
Целиот текст на документот: http://publication.pravo.gov.ru/document/0001202512250008

Скопје, 5 декември 2025
Филмски фестивал „Богородичен Покров“
Денес во Скопје, делегацијата на Амбасадата на Русија на чело со Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот Владимир Дјаков учествуваше во церемонијата на отворањето на 10-от меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров“, кој се одржува од 5 до 14 декември со поддршка од Амбасадата.
Во рамките на фестивалот пред македонските гледачи ќе бидат претставени, помеѓу другите, документарни и играни филмови продуцирани од руски филмски студија.

Охрид - Воронеж, 3 октомври 2025
Настан по повод 130-годишнината од раѓањето на Сергеј Есенин
На 3 октомври, Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин одржа поздравен говор пред учесниците на заедничкиот онлајн настан, организиран од Почесниот конзулат на Русија во Охрид и катедрата за словенска филологија на Воронешкиот државен универзитет, по повод 130-годишнината
од раѓањето на големиот руски поет Сергеј Есенин.
Конференцијата вклучуваше презентации за творештвото на авторот
и за спецификите на преведувањето на неговите дела на македонски јазик, како
и читања на неговите песни.
На настанот присуствуваа почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, соработникот на Почесниот конзулат, д-р Елена Обухова, деканката на Филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет, доктор по филолошки науки Жана Грачева, раководителката на катедрата за словенска филологија на Воронешкиот државен универзитет, доктор по филолошки науки Марина Панова, познатата преведувачка и поетеса Олга Панкина, русистот и преведувачот д-р Емил Ниами, професори и лектори на катедрата за словенска филологија и за литература од 20 и 21 век, студенти на Воронешкиот државен универзитет.

Скопје, 6 јуни 2025
Во Скопје одбележан Денот на рускиот јазик
Денес - по повод Денот на рускиот јазик и 226-тата годишнина од раѓањето на големиот руски поет и писател Александар Сергеевич Пушкин - делегација на Амбасадата на Русија на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин според традицијата положи цвеќе пред споменикот на основоположникот на современиот руски јазик, во Скопје.
Во церемонијата исто така учествуваа Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, делегација на Рускиот центар при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" руски сонародници и слушатели на курсеви по рускиот јазик.

Скопје, 18 мај 2025
Свечен концерт по повод 80-годишнината од Големата Победа
На 18 мај во Национална опера и балет во Скопјe се одржа свечен концерт, организиран од Амбасадата на Русија по повод 80-годишнината од Големата Победа.
Гости на настанот беа Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, воениот аташе на Кина Џзу Нин на чело на репрезентативната делегација на Амбасадата на НР Кина, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводена од Регионалниот управител Андреј Куку, бројни руски сонародници, јавни и културни работници, академици и научници, претставници на медиуми и заинтересирани македонски граѓани.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор во кој, особено, им се заблагодари на публиката, која исто така учествуваше и на други настани во чест на 80-годишнината од Големата Победа, на изведувачите, на раководството и персоналот на Национална опера и балет, се потсети на бесмртниот подвиг на советските граѓани, на македонските партизани, на сите оние, кои го уништија нацизмот, и раскажа за значењето на музичките дела во програмата на концертот.
Легендарните песни „Жерави“ («Журавли»), „Катјуша“, „Темна ноќ“, „Денот на Победата“, музика од Дмитриј Шостакович и многу други дела, кои се неразделно поврзани со Денот на Победата, беа изведени на сцена од Мандалинскиот оркестар под водство на Ерхан Шукри, од музичарките на Филхармонија Ана Кондратенко и Викторија Митеска-Малезан, од дуетот на Ана и Александар Коловски, од пејачката Викторија Лоба и од ансамблот „Славјанка“.

Скопје, 8 мај 2025
В Скопје одбележана 80- годишнината од Победата во Големата Татковинска војна
Во пресрет на 80-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна - Амбасадата на Руската Федерација на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин одржа на улицата 9 Мај во Скопјe свечена церемонија на положување венци кон спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа.
Меѓу бројните учесници на настанот беа Заменикот на Претседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Реџеп Исмаил Хактан и Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, вршителот на должноста на Кина Су Леи, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, претставници од општината Куманово, членови на политички партии, претставници на Српската заедница во Македонија, свештеници од Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, руски сонародници, претставници на јавните и научните кругови, на бизнис заедницата, на медиуми.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор.
Учесниците на церемонијата им оддадоа почит на жртвите од Големата Татковинска војна и Втората светска војна со минутно молчење. Вечна им слава на паднатите војници кои го скршија нацизмот! Вечна им слава на живите херои!

Охрид, 1 март 2025
Празнување на Масленица во Охрид
Масленица е еден од најрадосните празници во годината, кој широко се слави низ цела Русија. Ги одразува вековните традиции, внимателно сочувани и пренесувани од генерација на генерација. Ова е еднонеделен празничен ритуал со танци, песни, ора, игри, посветени на збогување со зимата и дочекување на пролетта, и секако, подготовка на традиционалните руски палачинки.
Масленица се одбележува во седмицата пред Велигденскиот пост, а оваа година се одбележува од 24 февруари до 2 март.
В Охрид на 1 март се празнуваше Масленица. Во празнувањето учествуваа руските сонародници кои што живеат во Охрид, како и љубителите на руската култура.

Битола, 10 февруари 2025
Ден на Дипломатскиот работник
На Денот на руската дипломатија – Амбасадата на Русија одржа во Битола свечена церемонија на положување венци пред споменикот „Руски крст“, подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски на местото на неговата трагична смрт во 1903 година за време на извршување на службената должност.
Свештениците на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на чело со Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар според воспоставената традиција отслужија панихида за загинатите руски дипломати.
На настанот присуствуваа пратениците на Собранието на РСМ Реџеп Исмаил-Хактан и Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, Почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Битола Биљана Дамјановска Јанчевска, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, делегацијата на општина Битола, сонародници на чело со Претседателката на Координативниот совет на организации на руски сонародници Светлана Барибина, претставници на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство, општествени и културни дејци.
Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин им се обрати на учесниците на церемонијата со говор.

Скопје, 9 мај 2026
Положување венци пред спомен-обележјето посветено на војниците од Антихитлеровата коалиција
По повод 81-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна, Амбасадата на Русија ја одржа во Скопје традиционалната церемонија на положување венци пред спомен-обележјето посветено на војниците од Антихитлеровата коалиција.
Во својот говор, Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков го нагласи клучниот придонес на целиот советски народ - војниците на Црвената армија и работниците од заднината на фронт - во поразот на нацизмот и огромната цена што СССР ја плати за Големата Победа. Тој особено истакна дека чувствата на жителите на Русија, кои ги пренесуваат спомените за хероите од Големата Татковинска војна низ генерациите, се споделуваат на македонската земја, каде што храбрите партизани се бореа против непријателот во Народноослободителната војна.
На церемонијата учествуваа вицепремиерот Иван Стоилковиќ, пратеникот во Собранието Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, Амбасадорката на Кина Џијанг Сјаојен, Вршителот на должноста Амбасадор на Србија Александар Кнежевиќ, Почесниот конзул на Русија во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, членови на политички партии, на Српската заедница во Македонија, делегацијата од ЛУКОИЛ Македонија предводена од Регионалниот управител Андреј Куку, бројни руски сонародници, научници и културни дејци, претставници на бизнис заедницата.

Воронеж, 23 април 2026
Конкурс на рецитатори со меѓународно учество
На филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет се одржа конкурс на рецитатори со меѓународно учество. Меѓу основнните теми беше темата за Татковината. Посебна номинација беше одредена за стиховите на Сергеј Есенин. Жителите од конзулскиот округ на Почесниот конзулат на РФ во Охрид и од други градови од Македонија, подготвени од страна на Почесниот конзулат учествуваа на конкурсот со рецитирање песни од А.Пушкин, С. Есенин, М.Лермонтов, Н. Рубцов и други автори на руски и на македонски јазик, како и песни од сопственото творештво за кои беше одредена посебна номинација. Учесниците ќе добијат пофалници и подароци.

Охрид, 4 април 2026
Работилница за деца за изготвување на празнични сувернир
На 4 април во пресрет на Велигден во здружението „Тајните на моето срце“ се одржа работилница во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Децата изработија сувенири за Велигденскиот панаѓур, а исто така дознаа како се празнува Велигден во Русија и како се боеле јајцата во Русија, што симболизираат разните бои при вапсувањето јајца со восок и со бои.

Охрид - Воронеж, 25 декември 2025
Предновогодишна забава
На 25 декември, на платформата ZOOM се одржа предновогодишна забава за слушателите на предавањата по руски и македонски јазик, на која имаше 50-тина присутни. Настанот беше организиран од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Меѓу гостите на вечерта беа студенти од Филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет и Марина Владимировна Панова, раководител катедрата за словенска филологија.
Во текот на вечерта, студентите на Воронешкиот државен универзитет упатија поздрави и пееја песни на македонски јазик, а потоа го слушнаа предавањето на македонски јазик од Е. Обухова за тоа како познатите поети и писатели ги прославувале Нова Година и Божиќ.

Москва, 11 ноември 2025
Меѓународната научно-практична конференција „Лингвистички аспекти на научната дипломатија“
Денес во Руската академија на науките во Москва, во организација на Рускиот центар за научна информација при Московскиот државен лингвистички универзитет, започна Меѓународната научно-практична конференција „Лингвистички аспекти на научната дипломатија“.
На конференцијата учествуваат почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и соработникот во Почесниот конзулат, д-р Елена Обухова.

Скопје, 22 јуни 2025
Ден на сеќавање и жалост
На 22 јуни, на Денот на сеќавање и жалост - на 84-годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна од 1941 - 1945 година - вработените во Амбасадата на Руската Федерација на чело со Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот Владимир Дјаков одржаа на улицата 9 мај во Скопје традиционалната церемонија на положување венци пред спомен-обележјето посветено на 75-годишнината на Големата Победата.
Во настанот учествуваа Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, делегацијата на Амбасадата на Казахстан и претставници на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводени од Регионалниот управител Андреј Куку.
Присутните со минутно молчење им го оддадоа почит и спомен на жртвите на војната.

Воронеж, 25 мај 2025
Предавање посветено на Денот на словенската писменост и култура
На Воронежскиот државен архитектонски универзитет се одржа предавање посветено на Денот на словенската писменост и култура. Предавањето го одржаа проф. д-р Генадиј Филипович Коваљов и административниот соработник на Почесниот конзулат на РФ во Охрид д-р Елена Обухова, а беа присутни и гости од Бугарија во онлајн режим. Во центарот на вниманието беше историјата на словенската писменост и тоа како се одбележува Денот на словенската писменост во Македонија. Модератор на настанот беше д-р Светлана Анатољевна Скуридина.

Скопје, 8 мај 2025
Државен прием по повод 80-годишнината од Големата Победа
На 8 мај - по повод 80-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна - Амбасадата на Руската Федерација одржа во Скопје државен прием по повод претстојниот празник.
На настанот присуствуваа Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, Митрополитот Тетовско-гостиварски Владика Иосиф, Епископот Хераклејски Владика Климент, Потпретседателот на Влада, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Реџеп Исмаил Хактан, Јована Мојсоска, Драган Недељковиќ и Даниел Стојчевски, Амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, вршителот на должноста на Кина Су Леи, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, членови на политички партии, јавни и културни работници, академици и научници, руски сонародници, бизнисмени, претставници на медиуми, како и активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор.
За време на приемот, бројнита гости йа следеа презентацијата „Бесмртниот полк“ подготвена од руски сонародници и документарен филм за првата Парада на Победата од 1945 година, придружени со музика и песни од воените години.

Скопје, 12 април 2025
Свечена церемонија на положување цвеќе пред споменикот на првиот космонаут на планетата - Јуриј Гагарин
Денес – на Денот на космонаутиката – делегацијата на Амбасадата на Русија на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин ја одржа во Скопје годишната свечена церемонија на положување цвеќе пред споменикот на првиот космонаут на планетата – Јуриј Гагарин.
На настанот присуствуваа Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот на Србија Александар Кнежевиќ, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, претставници на Општина Карпош, членови на политички партии, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, руски сонародници, претставници на јавни и научни кругови, на бизнис заедница.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор.
Како дел од церемонијата учениците, кои изучуваат руски јазик во организацијата на руските сонародници „Озарение“, рецитираа песни, посветени на откривачите на космосот.

Охрид, 26 февруари 2025
Предавање на тема „Масленица во Русија“
На 26 февруари 2025 година, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше онлајн предавање посветено на празнувањето на Масленица во Русија. Слушателите имаа можност да дознаат како се одбележува овој празник во Русија, научија за називите и активностите на деновите во текот на Масленичната недела и за масленичните забави.
На предавањето кое го одржа д-р Елена Обухова, присуствуваа 40-тина почитувачи на руската култура и традиција.

